Предавање на тема: резилиентност, ослободување од стрес и развој на животни вештини

Воспитниот и негувателскиот кадар на нашата градинка во просториите на ННБорче денес го проследија предавањето на тема “Резилиентност, ослободување од стрес и развој на животни вештини ” од Илина Видран која вешто и смирено говореше за нашето тело, нашиот спокој и мир, како да ги негуваме и да се справуваме со стресните моменти во секојдневниот живот. Предавањето беше интерактивно, интересно и пропратено со неколку групни вежби што ги реализиравме сите колеги заедно.