Храни се здраво, телото и умот ќе ти кажат дека си во право

Храни се здраво, телото и умот ќе ти кажат дека си во право, е мотото за одбележување на денешниот ден, ден на здравата храна – 16ти октомври.
Денот беше исполнет со активности за препознавање и консумирање на здравата храна, која е од особено значење за правилен раст и развој.
Децата од воспитната група од 5 до 6 год. Бубамари – Бели Мугри, заедно со децата од градинките од опиштина Центар, го одбележаа овој посебен ден.