Пешачи за да бидеш здрав – објект Панорама

На 13.10.2023година децата од големата група од 5-6години од објектот “Панорама” го одбележаа денот на пешачењето под мото “Пешачи за да бидеш здрав”. Модернизацијата доведе до широка употреба на компјутери кои децата ги користат уште од најрана возраст што ги прави навикнати да го поминуваат слободното време седеејќи пред компјутери. По тој повод децата и вработените организираа активност со пешачење во блиската околина со цел да се движиме за здравје кое е нај добар лек и вид на рекреација кој е најважен за правилен раст и развој на децата, а воедно и најевтиниот антистрес метод.

Tags