Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи – објект Бели Мугри

Животот е 10% од тоа што ви се случува и 90% како реагирате на сето тоа!

Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи, 13ти Октомври е посветен на подобрувањето на пристапноста до системите за рано предупредување и информирање за ризиците до сите. Децата треба безгрижно да уживаат во детството, но и да бидат подготвени доколку е потребно соодветно да реагираат. Тие треба да бидат свесни за ризиците и да ги препознаваат. За таа цел децата од групата ” Зајачиња” од објектот Бели Мугри, денес (13.10.2023 г.) го посетија Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, ИЗИИС. Од љубезните едукатори по пат на анимиран филм, видео презентација и истражувачка игра стекнаа знаења за земјотресите како природна појава и кои се чекорите и постапките кои треба да ги преземат во случај на земјотрес. На децата им беа препорачани совети како да се однесуваат за време на земјотрес, а најважно е да не се паничи, да се заштити главата и по можност да се сокрие под маса. Преку фотографии ви пренесуваме дел од нашата посета.

Tags