КВИЗОТ ОМИЛЕНА ИГРА НА ДЕЦАТА – Матичен објект

Долгогодишната соработка со Детскиот културен центар “Карпош”, на големо задоволство и натаму продолжува. Овој пат со квиз натпревари под името “Бамбини”. Во квизот учествуваа децата од 5- 6 години (група Џуџиња), од Матичниот објект.

Тие одговараа на дадените прашања со да и не, погодуваа гласови на милениче снимени на ЦД. Се натпреваруваа кој ќе постигне повеќе кошеви, влечење јаже и кој последен ќе го зачува топчето. Одговараа и на прашања од Бон-Тон и прашања за овошје и зеленчук. Натпреварувачкиот дух беше на високо ниво, а на радоста и среќата на децата им немаше крај.

Tags