Музичко-драмската претстава “Веселата шумска куќичка”

На големо задоволство, децата од нашата градинка имаа можност да проследат прекрасната театарска претстава од музичко драмската група Триангл Пулс со наслов “Веселата шумска куќичка”. Децата беа видно расположени, а пораката едноставна и јасна: Без другари е тажно, другарството е важно, ајде сите да се дружиме.
Токму преку претставата децата ги продлабочија знаењата за културното однесување при следењето на театарската претстава и стекнување на љубов кон уметноста воопшто. Целта на претставата беше да се стави акцент на важноста на другарството бидејќи со верни другари светот е уште поубав.