СЕКОЕ ДЕТЕ ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ СРЕЌНО

Децата се скапоцено богатство. Не им треба многу работи за да бидат среќни, само љубов  и грижа од возрасните. Нема поголема мисија од таа да им донесеш радост на децата, на било кој начин, во било кое време. Насмевките на лицата на децата се доволен мотив да продолжиме со мисијата да ги направиме децата среќни.
Како и секоја година, првата седмица од месец октомври, им ја посветуваме на нашите најмили. Со разни активности ја одбележавме НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО во нашата градинка.
Во рамките на предвидените активности, нашата градинка заедно со Општина Центар и компанијата НУЛА ОТПАД, се вклучи во хуманитарната акција под мото: Од дете – за дете. Дечињата од градинката, заедно со нивните родители донираа пакети храна и хигиенски производи. Донираните средства беа наменети за згрижувачки семејства и згрижувачки домови за деца со попреченост од нашата општина.