Одбележување на Детска недела во објект Панорама

Одбележување на детската недела под мотото ,,Права и обврски на децата”.
Го одбележавме денот во сите воспитни групи од 2-6 годишна возраст со ликовни работилници.
Направивме постери со кои ја промовиравме детската недела. Децата од поголемите групи ја покажаа својата креативност во ликовното творештво, учествуваа и на подвижна игра со претходно подготвена кореографија на песната ,,Другарство”.Исто така учествуваа и во говорната игра на тема ,,Детски права и обврски”.
Постерот е поставен на видно место во влезот на градинката како би ги известиле сите кој што ќе поминат за овој важен ден.
Во помалите групи воспитувачите ги запознаа децата со нивните права и обврски кој ги имаат дома и во градинката.

Tags