Имам право да играм, пеам и да се смеам – објект Бели Мугри

Детската недела го слави правото на децата да уживаат во детството. Исто така тоа е време во кое децата може да ги претстават своите таленти, вештини и способности. Денес во нашата градинка организиравме музички хепенинг на кој децата ги покажаа своите музички способности, ги пееја своите омилени песни, танцуваа и се забавуваа. На општа радост и големо изненадување на децата, на забавата ни се придружи познатиот пејач Марко Маринковиќ Слаткар, татко на малиот Моша кој ја посетува нашата градинка и ги испеаја неговите песни. Ви пренесуваме дел од нашата забава.


Tags