Детски права и обврски – објект Н.Н.Борче

Децата се нашето богатство, гордост и наша иднина. Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде потребна подршка и да им се овозможи еднакви можности.Секоја година првата седмица од месец Октомври се посветува на детето,оваа година во нашата градинка по повод одбележување детската недела се одржаа низа активности. Започнавме со разговор за правата и обврските на секое дете. Овие знаења ги утврдија заедно со родителите изработувајќи “домашна задача” на истата тема. Во текот на неделата децата го цртаа своето семејство, играа друштвени натпреварувачки игри, ја конструираа нашата градинка, беа во посета на зоо.

Tags