Животните-дел од живиот свет – Матичен објект

Светскиот ден за заштита на животните, се одбележува ширум светот, чија примарна цел е истите да се заштитат, како важна алка од живиот свет на земјата и да се пренесе хуманоста и на најмладите генерации. Кога ќе се каже да се заштитат, се мисли на нашето однесување кон нив, да не се измачуваат, да не дозволиме да изгладнети, да ги згрижиме, односно да направиме добро дело, но не заради себе, туку заради достоинствен живот на сите пред се.
Матичниот објект-децата од 4 до 5 години, го одбележа овој ден со посета на Зоолошката градина, каде се запознаа и со досега непознати видови на животни, со носење на домашно милениче во градинка и на тој начин на љубопитните погледи и прашања им немаше крај.
Tags