Децата се нашата надеж за поубав свет – објект Бели Мугри

Детските права како дел од човечките права им припаѓаат на сите деца од светот без оглед на нивното национално или етничко потекло, пол, род, боја на кожа, религија, возраст исл.

Дечињата ја одбележаа светската недела на детето со многубројни активности посветени на детските права. Во рамки на активностите за одбележување на неделата на децата, дечињата денес изработија флаери кои што ќе ги подарат на своите родители и на тој начин ќе ги запознаат со детските права.
Tags