Денес 04-ти Октомври со децата од објектот Панорама, група ,,Сончогледи” на возраст од 3-4 години го одбележавме Светскиот ден за заштита на животните преку разговор и изработка на постер со животни. Тие научија многу работи за животните и се запознаа со нивниот живот, начин на исхрана, каде живеат и слично.
Исто така научија дека и животните сакаат слободно да живеат, па токму поради тоа животните треба да ги почитуваме, а не да ги повредуваме, треба да се грижиме за нив бидејќи љубовта и емпатијата се учи од најмала возраст.