Природата и живиот свет околу нас – објект Панорама

Денес на 04ти Октомври децата од објектот Панорама на возраст од 4-6 години ја одржаа активноста Магични слики на природата. Децата ја препознаа поврзаноста на човекот со природата и заклучија дека земјата е заеднички дом на сите живи суштества.  Ги набројуваа деловите на природата: луѓето, дрвјата, реките, земја, цвет, небо, облаци, сонце, инсектите, птиците, животните. Кажуваа кои живеат на земјата, во воздухот, во водата. Го опишуваа нивниот изглед и кажуваа зошто тие се важни за нас. Децата земаа големо учество во трите центри: во литературниот, уметничкиот и истажувачкиот-цртаа, истражуваа и разгледуваа.

 

Tags