Ги сакаме животните – објект Н.Н.Борче

Сите дечиња имаат свои права и обврски, но и животните се многу битни и треба да им пружиме љубов, грижа и заштита. Денот за заштита на животните го посветуваме на сите видови што живеат на планетата Земја , па во чест на сите животни, со дечињата од 4-6 годишна возраст од Н.Н. Борче решивме да направиме една интересна игра. На големо парче тоалетна хартија, преклопено на половина цртаме некое животно,а на внатрешната страна го боиме. Потоа го потопуваме во сад со вода и чекаме да се случи чудо!!! Пробајте и истражете што ќе се случи.

Tags