Продолжуваме со игра повторно. Секое дете, на прашањето: -Кога се чивствува најсреќно? -ќе одговори: -Кога играм!
Токму денес, 04ти октомври, акцент се стави на Правото на детето на игра, со олимпијадата што се организира во матичниот објект, во која учествуваа малите олимпијци од 4 до 6 години, со разновидни натпреварувачки игри, се јакнеше натпреварувачкиот дух, но најважно од се беше што се ширеше позитивната енергија и насмевките.