Светскиот ден за заштита на животните се одбележува секоја година на 4ти октомври, а традицијата започнала уште од 1931 година во Фиренца. Докажано е дека секој ден изумираат над 50 видови на животни, а три пати поголем број се наоѓаат пред изумирање. Целта на светскиот ден за заштита на животните е да се подобри односот кон животинските видови низ целиот свет преку обезбедување поддршка за поединци, групи и организации за заштита на животните. Децата од 3-6 години денес ги донесоа своите миленичиња да им ги покажат на другарчињата како се грижат за нив. На тој начин ја поттикнавме еколошката свест кај децата, а со тоа да ги направиме похуман кон животните.