Децата – нашето најголемо богатство, гордост, радост и иднина, заслужуваат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и да се овозможат еднакви можности.
Затоа, првата седмица од месец октомври им е посветена токму нив.
Во рамките на Детската недела, под мотото “Среќно дете”, матичниот објект од нашата градинка, денес – 3ти октомри, организира Ликовен хепенинг во кој учествуваа децата од 2 до 4 години и ликовно се изразуваа со љубов за другарчињата под наслов “Цртам за другарчето”.
Дел од творбите беа инспирирани и од правата на децата, меѓу кои акцентот беше на Правото на чиста животна средина, како и Правото да се има дом и семејство.