Добро ни дојдовте другарчиња!

Месецот септември, почетокот на новата воспитна година, меѓу останатото, е и месец кога многу нови другарчиња за првпат зачекоруваат во градинка, со желба за игра и стекнување нови другарства, кои притоа помагаат детето да израсне во среќна и личност со самодоверба, зашто се е полесно кога имаш другар.
Во духот на темата-другарство, децата од возрасните групи од 3 до 6 години, им посакаа топло добредојде на новите другарчиња, среќни и безгрижни денови, со рецитирање на стихови и пеење на песни.