По повод „Одбележување на ден на чисти планини“ децата од 4-6 годишна возраст од објектот Панорама ја следеа активноста „Како воздухот ги придвижува предметите“.
Во истражувачкиот центар децата ги истражуваа материјалите (памук, грав, пердув, леќа, пуканки, сламка, ролна од хартија) и влијанието на силата на воздухот врз нив.
Децата беа поттикнати да ги искажат причинско-последичните врски што ги забележаа во текот на активноста.