Планини – Извор на чист воздух – објект Н.Н. Борче

Во контекст на неделните теми, дечињата се запознаа со загадувачите на планетата Земја, но и начините на кои луѓето можат да дадат придонес во обезбедување на здрава животна средина.  Најмногу можеме да влијаеме на зачувување на чистиот воздух, така што ќе ги штитиме шумите од фрлање отпадоци, од палење пожари, како и со акции за пошумување затоа што дрвјата се најголемите прочистувчи на воздухот. Денес фокусот беше ставен на одбележување на Денот на чистите планини, а тоа ни даде поттик, заедно со децата од средните и големите групи од објектот Н.Н.Борче,  да изведеме експеримент преку кој ќе видиме како воздухот ги движи предметите. Користевме  ЦД на кое залепивме капаче од шише со отвор на средината. Потоа надувавме балон и го прицврстивме на капачето. Кога го пуштивме балонот, видовме како воздухот што излегува од него го движи ЦД-то. Ова беше интересно и возбудливо за децата, така што обидот го повторивме повеќе пати.

Tags