Ден на велосипеди и тротинети – Панорама

Денот без автомобили го одбележавме со активност -Автомобилот балон.

Денес децата од 4-6 годишна возраст во истражувачкиот центар, беа научници кои трагаат по решенија за заштита на воздухот од загадување, при што следеа како се конструира автомобил што нема да ја загадува природата користејќи различни материјали (пластично шише, две дрвени стапчиња, четири пластични капачиња и балон).

Се водеше разговор дека секој од нас треба да води грижа за природата, да не се загадува воздухот, бидејќи само на тој начин можеме да се заштитиме и ние и сите живи суштества на земјата.

Tags