Автомобил од балон – објект Бели Мугри

По повод “Светскиот ден  без автомобили” децата од 5-6години, од објект Бели Мугри, од групата Буба Мари, изработија автомобил од рециклирачки материјали. Имено, од пластично шише, капачиња, балон, сламка и дрвени стапчиња го составија автомобилот, кој потоа со помош на нивниот воздух  успеаја  да го придвижат.

Со оваа активност ги поттикнавме и тие да бидат во улога на  научници, кои ќе трагаат по решенија за заштита на воздухот од загадување. Воедно, и ги насочивме да размислуваат во правец кон конструирање на  автомобили кои нема да ја загадуваат природата.

Tags