Светскиот ден без автомобили, 22ри септември , е најдобар повод да се влијае на подигнување на еколошката свест кај дечињата и да осознаат дека најдобро би било автомобилот, кој важи за нееколошко и неефикасно транспортно средство, да го остават дома и да размислуваат за други начини на превоз.
Поттикнати и мотивирани, дечињата од 4-6 годишна возраст, од објектот Н.Н.Борче, беа вредни и креативни и со своите вешти рачиња се потрудија да изработат еколошки Автомобил – балон. Со употреба на рециклирачки материјали, како што се пластично шише, дрвени стапчиња, сламка за сок, капачиња, балон и сл, и со дадени насоки ги составуваа деловите и најмногу се изненадија кога на крај добија автомобил што навистина може да се движи.