22ри септември – Ден без автомобили

Светскиот ден без автомобили, 22ри септември, го слави движењето со пешачење, велосипед, тротинет, јавен превоз. Идејата на овој ден е да се даде слика, како би изгледале улиците со помалку автомобили.  Истовремено, овој потег има цел да ги поттикне луѓето, а со тоа да се влијае на подигнување на еколошката свест и кај дечињата, барем на тој еден ден, да го остават автомобилот дома кој важи за нееколошко и неефикасно транспортно средство и да размислуваат за други начини на превоз.

По тој повод, дечињата се вклучија во одбележување на овој значаен ден со спортско-рекреативни игри, делење на флаери со еко-пораки, набљудување на сообраќајот и загадувањето од автомобилите. Преку овие активности сакаме децата да ги поттикнат возрасните да ја подигнат својата свест и да се обидат да замислат град кој ќе биде во функција на луѓето, а не на автомобилите.