Во склоп на Европската недела на движењето, спортскиот оддел при Детскиот културен центар – „Карпош“ ја организира манифестацијата под мотото „Движи се за здравје“.
На ден 21.09.2023 година, децата од објектот Панорама, групата Весели цветчиња на возраст од 5 до 6 години, учествуваа на манифестацијата. Настанот беше од забавен-рекреативен карактер, на кој децата вежбаа вежби за правилно развивање и подобрување на моторичките способности и развој кај децата од рана предучилишна возраст. Учество земаа 10дечиња со велосипеди и тротинети.