Озонската обвивка има значајна улога во заштитата на животот на Земјата и озонот е одговорен за спречување на околу 98% од УВ зрачењето. Врз нејзиното уништување влијаат многу фактори, а човекот со неговото несовесно однесување и не грижа е главен виновник. Со цел да се подигне еколошката свест за значењето на заштитата на озонската обвивка, децата од објектот Бели Мугри во воспитните групи “Зајачиња”, “Буба мари” и “Пајчиња”, реализиравме неколку активности: правевме домашен пластелин, разговараме за значењето на озонската обвивка и изработка на флаери за родителите на тема: “Заштита на планетата Земја”.
Со реализација на овие активности сакаме да испратиме силна порака дека сите ние имаме одговорност за тоа како ќе живееме во иднина и ќе дадеме свој придонес за здрава и чиста околина.