Озонската обвивка, кревок штит од гас, ја штити Земјата од штетниот дел на зраците од Сонцето, со што помага за зачувување на животот на планетата. Контролираната употреба на супстанци кои ја осиромашуваат озонската обвивка и нивното намалување помагаат за заштита на озонската обвивка за оваа и за идните генерации.Со таа цел дечињата од нашата градинка се вклучија во одбележувањето на 16ти Септември, Ден на заштита на озонската обвивка со низа активности, меѓу кои акцент ставивме на изработка на домашен пластелин, како би придонеле во намалувањето на обемот на работа на фабриките и нивното испуштање на отрови.