Среќен роденден татковино!

8ми Септември-нашиот национален празник, ден кога ја славиме нашата независност и кога оддаваме почит и благодарност на сите наши предци, кои со својата храброст, пожртвуваност и посветеност го трасираа патот на независна и самостојна Македонија.
Овој празник не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале, но и ни дава сила и мудрост да продолжиме понатаму.
Да ја сакаш татковината се учи од најмала возраст. Со пеење песнички, рецитирање стихови и цртање на тема: „Те сакам татковино моја“, сликање на македонското знаме, го одбележавме роденденот на татковината во сите четири објекти на нашата градинка.