Подготовка на здрави оброци во објект Панорама

Овошјето често се смета за здрава ужина, и тоа со добра причина. Толку многу видови овошје нудат низа природни витамини, минерали, влакна и антиоксиданси, така што можете да имате корист и од хранливата содржина на овошјето и од неговата вкусност.

Бидејќи нашето поднебје располага со богат избор на овошје и зеленчук, децата од нашата градинка ќе добиваат свежи сезонски овошја од домашно производство како кајсии, праски, сливи, круши и  јаболки во текот на 5 месеци, односно секое дете ќе добие по 1 (еден) килограм овошје неделно.

Ова денес ни го најавија нашите гости Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, г-дин Љупчо Николовски, Министерката за Труд и социјална политика, г-ѓа Јованка Тренчевска и Градоначалникот на Општина Центар, г-дин Горан Герасимовски.

Во дворот на објектот Панорама, дечињата заедно со гостите, приготвија вкусна овошна салата, цедеа сок и научија како со овошјето да направат и вкусен десерт, бидејќи здравата исхрана во најраната возраст е клучна за  правилен психо – физички раст и развој.

Оваа програма е поддржана и претставува донација од страна на Владата Република Северна Македонија.