Повеќето од нас имаат вродено разбирање за музиката. Дури и ако не можеме да свириме на некој инструмент, па дури и да пееме, некако, можеме да се поврземе со ритмите и мелодиите. Велат, дури и растенијата ја разбираат музиката.
СВЕТСКИОТ ДЕН НА МУЗИКАТА или Fête de la Musique, кој се слави секој 21 јуни, првпат започнал да се прославува во Франција.
Светскиот ден на музиката е исто така можност за музичарите да се поврзат со својата публика.
По тој повод, во клон Бели Мугри, а на наше големо задоволство, имавме гостин – родител со придружба од уште двајца музичари од Македонската Филхармонија кои ги запознаа децата од блиску со звуците на виолината, виолата и виолончелото.