Иако 70 проценти од површината на Земјата е покриена со вода, океаните сѐ уште претставуваат голема мистерија за научниците.
Научниците апелираат дека затоплувањето на океаните, загадувањето и човековото влијание го загрозуваат морскиот живот ширум светот. Морскиот свет кој живее надвор од заштитените подрачја е изложен на ризик од климатските промени, прекумерниот риболов и бродскиот сообраќај. Според Меѓународната унија за зачувување на природата, речиси 10 отсто од живиот свет во морињата е во ризик од исчезнување.
Океани се изложени на ризик од риболов, рударство во длабокото дно, пластика и други загадувачи, како што е човекот.
На овие теми а и на многу други, денес, на 08 Јуни-денот за заштита на живиот свет во океаните, во објект „ Бели Мугри“ се разговараше, боеше, сечеше, лепеше и учеше во сите воспитни групи.