Месец на пеперутките – објект Бели Мугри

Месецот мај им го посветивме на пеперутките, како едни од  најубавите меѓу инсектите.
Иако се краткотрајни, нежни и кревки, пеперутките се моќни претствавници на животот.
Низ целиот свет тие се симбол на слободата, душата, надежта и промените.
Додека пак според астрологијата, се верува дека секој месец од годината е поврзан со одреден вид пеперутка.
На оваа тема беа насочени и поттикнати родителите и децата од клон Бели Мугри за  и тие да ги истражуваат и набљудуваат овие инсекти, да ги цртаат или да изработуваат најразлични изработки поврзани со пеперутките.
Им благодариме за  соработката и за фотографиите.
Tags