28ми Мај -Светски ден на пеперутката беше доследно одбележан во објект „Бели Мугри“.
Имено, групите со поголема и средна возраст на деца најпрво следеа едукативно видео за животот на пеперутките кај нас но, и во светот.
Потоа, децата своето воодушевување на овие инсекти го искажаа со најразлични изработки: цртежи , слики со пресликувана пеперутка на блок лист поделен на половина , пеперутки во лет- сечени форми на пеперутки потоа прилепени на стапче,разни други изработки од хартија во сите бои.