Месец на јагодите – „Јагоди-изобилство од задоволство и здравје“ – објект Н.Н. Борче

Јагода, секаде е позната по нејзината карактеристична арома, светлоцрвена боја, соковна текстура и сладина. Црвени, во срцевидна форма, украсени со мало зелено ливче. Неверојатно привлечни и исто толку вкусни. Јагодите се задоволство, здравје, љубов, убавина.

Јагодите се не само вкусни, но и многу корисни. Тие содржат големо количество витамин Ц и железо. За таа цел ги поттикнавме родителите заедно со нивните дечиња да направат некоја овошна салата и интересно да ја декорираат со јаготки или некој колач, да моделираат јаготки од пластелин, заедно да засадат и децата да го следат процесот на растење на јаготките и сл. При овие активности ги фотографираа дечињата и со истите ја збогативме нашата Веб-страна.

Tags