Нашите дечиња, нашата гордост – наградени на конкурсот “Деца уметници во центарот на Скопје”

Преку уметноста се отвара вратата на креативноста кај децата. Секое дело направено од детски раце е вредно за почит. Придобивките од нивното учество во уметнички активности се огромни, а тука може да се вклучат и позитивните влијанија врз физичките, когнитивните и социјалните вештини. Изложувајќи ги децата на средина во која се креира и твори, неминовен е патот до успехот.

Денеска во градинката 13ти ноември беа доделени награди на децата, чии цртежи  учествуваа на конкурсот: Деца уметници во центарот на Скопје, во организација на истоимената градинка и подржан од нашата општина. Наградени беа три дечиња – Кристијан Копанов и Петра Николова со нивниот воспитувач Билјана Гавриловска од Матичен објект и Стефан Ничевски со воспитувачката Анкица Поповска од објект Н.Н.Борче. Манифестацијата ја разубавија и настапите на дечињата од градинката 13ти ноември и присуството на децата од градинката Корчагин и нашата градинка.

Искрени честитки до наградените деца!!!