Креативноста на децата нема граници – Матичен објект

ЈУ Детски културен центар – „Карпош“ и оваа година традиционално ја организира манифестацијата „ЦРТАЊЕ НА АСФАЛТ“, во која учествуваат најмалите, децата од градинките од градот. Оваа манифестација е посветена на Денот на македонските просветители – Св. Кирил и Методиј и е со традиција од 40 години.

Дечињата од Матичен објект – група Џуџиња со своето присуство, го разубавија овој настан. Своите креативни идеи, заедно со дечињата од другите градинки, ги пренесоа на просторот ПЛОЧНИК, позади Соборниот храм.

Tags