Едукативно предавање на ИЗИИС во Матичен објект

Земјотресот е природна појава која е резултат на поместувањето на тектонските плочи, движењето на Земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на земјата. Поради деструктивната моќ, но и фактот дека се практично непредвидливи, земјотресите се можеби најстрашната природна катастрофа со која се соочува човештвото.

Институтотот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) на ден 17.05.2023 година, во просториите на Матичниот објект, оддржа едукативно предавање на тема: Земјотресите како природна опасност. Предавањето го следеа вработените од сите четири објекти на градинката,  а за децата од големите групи од Матичниот објект, беа предвидени практични вежби и работилници.

Предавачите дадоа неколку совети и препораки како да се однесуваме за време на земјотрес, меѓу кои и советот да не паничиме, да останеме мирни, да ја заштитиме главата и да се сокриеме на сигурно место во домот. Доколку сме на отворен простор, исто така да останеме мирни и да не паничиме и да се тргнеме настрана од метежот и уличните осветлувања.

Едукативните предавања на ИЗИИС, се во склоп на одбележување на 60 годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес.

Tags