“МОЕТО СЕМЕЈСТВО-МОЈ СВЕТ” – објект Бели Мугри

Денеска во светот се одбележува 15 мај, Меѓународниот ден на семејството.

Со Меѓународниот ден на семејството се истакнува значењето на семејството на меѓународен план, а оваа година во тој поглед дополнително се нагласува важноста на образованието и улогата на семејствата во образованието на децата.

Меѓународниот ден на семејството оваа година има за цел да ја подигне свеста на родителите  за образованието и воспитувањето на децата и нивната благосостојба, но и да го назначи значењето за воспоставување на баланс помеѓу работата на родителите и нивната семејна улога.

Во денешно време, кога семејството честопати нема ниту време ниту услови да се развива во заедништво и толеранција, многу е важно да сфатиме колку е важно семејството, колку се важни нашите родители, браќа, сестри, деца, баби и дедовци … Тие сите се дел од секое човечко суштество, сите тие се важни во развојот на личноста на една индивидуа, и колку подобро, потолерантно, поповрзано семејство имаме, толку се поголеми шансите да воспитаме подобро, потолерантно и поповрзано општеството.

На овие теми и многу други денеска разговаравме со децата од 2-6години од објект„ Бели Мугри“, а децата  беа креативни и ги нацртаа своите семејства ,пријатели,баби и дедовци..

Потоа во холот на градинката со мини веселба проследена со музика го прославивме заеднички овој значаен ден.

Tags