Секој роденден на нашата градинка е празник и можност да ги пренесеме најубавите пораки до срцата на сите деца.
Нашата градинка прослави 58-ми роденден со драмско музичка приредба ,,Шумска приказна”, во која учество земаа големите групи од сите четири објекти. Темата беше инспирирана од проектите кои беа реализирани во сите објекти. Преку шумската приказна на извидниците, разиграните капки дожд, веселата игра на инсектите и традиционалните игри, нашата градинка волшебно се претвори во роденденско катче, каде што доминираше радоста и среќата, како кај децата така и кај родителите, возрасните и гостите.
Другарувајте и имајте убаво детство како во приказна – тоа е нашата роденденска порака!
Среќен роденден градинке наша мила!