Месецот Април го оплеменивме со презентација на проектот на тема: ,,Во светот на инсектите”, кој се реализираше во холот на нашата градинка. Главни актери на истиот беа децата на возраст од 3 – 5 години, секој со своја идеја, визија, креација, концепт, на единствен и уникатен начин, го презентираа сето она што го научија истражувајќи низ игра и забава. Целта на овој проект е децата да се запознаат со инсектите, да ги прошитат и збогатат своите знаења за нив, нивните карактеристики, специфичностите, воедно користа и опасноста од нив. Сумирајќи ги емоциите и импресиите, кај актерите и присутните констатиравме дека целта е постигната во целост.
Голема благодарност до Славица Купенкова која е стрип цртач, автор и илустратор на детски книги и списанија, покрај нејзината професионална кариера како илустратор, за нашата – градинката Кочо Рацин ни ги изработи цртежите за инсектите, кои ги носеа малите сезнајковци.
Инспирација црпевме од природата, од малите суштества со нивните интересни форми, чудесни бои и однесување, до нивните прекрасни живеалишта. Во прилог следат фотографии кои сведочат за успешноста, убавината, задоволството, на сите презентации, УЖИВАЈТЕ.