Професионалците за рана нега, образование и грижа на деца во предучилишна возраст се важни партнери во поддршката на социјалниот и емоционалниот развој и подготовката на најмладите деца, за училиште и секако на патот кон успехот. Малите деца кои покажуваат здраво социјално и емоционално приспособување во однесувањето, имаат поголема веројатност да имаат добри постигнувања во основното училиште, но и во натамошниот образовен тек.
Денешниот ден во нашата градинка, беше посветен на стручно усовршување на негувателките. Беа присутни негувателки од нашата градинка и од градинката 13ти ноември, директорката на нашата градинка, педагозите и воспитувачите од Колегијална поддршка од двете градинки. Градењето на капацитетите на негователите во предучилишните установи ја подига важноста на раното учење и развој на повисоко ниво. Преку стратегиите за градење на социоемоционалните вештини, се учат и воведуваат нови стратегии, техники и алатки за справување со стресот, што секако постои и кај малите деца.
Спроведувањето на овие обуки за поттикнување на учењето преку игра и стекнување на социоемоционални вештини, го подигаат предучилишното воспитание и образование на повисоко скалило, знаејќи дека токму од овде и започнува понатамошното животно образование.