Ден на македонскиот јазик

Македонскиот книжевен јазик е јужнословенски јазик и е еден од најстарите јазици во светот, а Кириличното писмо на Петре М. Андреевски е темелот на современата македонска азбука. Македонската азбука, со која денес ние пишуваме е официјализирана  со службен статус на 03.05.1945г. на територијата на Северна Република Македонија.

По тој повод, децата од матичниот објект го одбележаа Денот на Македонската азбука со низа интересни и едукативни активности (редеа сложувалки со букви, си ги пишуваа своите имиња на табла со креда и во тетратки со фломастери, ги исцртуваа своите имиња со прст врз сол, со помош на пластични коцки со букви си ги конструираа своите имиња, „читаа“ сликовници и ја разгледуваа познатата книга за деца „Бушава азбука“, со пластелин моделираа букви и многу други активности поврзани со македонското писмо и македонската азбука).