На 10 и 11.04.2023 год. во сите објекти на градинката се реализираше музичко драмска претстава „Другарување“ од страна на групата Триангл која беше проследена од групите од 2-6 год. Целта на претставата беше да се стави акцент на другарството и дружењето надвор на отворено со разни детски реквизити исполнети со креативни игри, надвор од светот на технологијата.