„Во здраво тело-здрав дух“-Н. Н. Борче

По повод Меѓународниот ден на здравјето во нашата градинка гостуваше родител стоматолог д-р Весна Јосифоска која што на дечињата од 3 до 4 год. низ практични примери им презентираше како правилно да ги четкаат забите, каква храна треба да консумираат и да прават редовни стоматолошки прегледи и контроли со цел да го одржат и подобрат оралното здравје. Потоа секое детенце доби четкичка и паста за заби, боенка и диплома на што многу се израдуваа. Во групите од 4 до 5г. се реализираа спортски активности на тема „Во здраво тело-здрав дух“, додека во групите од 5 до 6г. се реализираа ликовни активности на тема „Преку здрава храна до подобро здравје“.

 

Tags