“Светскиот ден на здравјето” 07ми Април, во објектот Бели Мугри беше одбележан во сите воспитни групи.
Имено, групата „Сонциња“ го одбележа со разговор за зеленчукот кој е многу важен за здравјето на децата и нивниот правилен раст и развој, а потоа следуваше конзумирање на вкусна зеленчукова салата подготвена од детските вредни рачиња.
Во групата „Пајчиња” децата играа игра на улоги, во која едни деца глумеа доктори а други беа пациенти, со цел од најмали да вооочат дека грижата за здравјето е доживотна навика, култура и начин на живеење.
Групите: „Буба мари“, “Зајачиња” и “Ѕвездички” овој ден го одбележаа со гостин-родители, доктори од нивните групи.