„Месец на чоколадото“ -објект Н.Н. Борче

Нема ништо подобро од пријател, освен ако не е пријател со чоколадо! Некои чоколади се крцкави, некои кремави, некои меки, но сите се вкусни. Чоколада-Тоа не е десерт, тоа е уметност! На чоколадото му се посветени дури четири празници во годината но ние решивме месец Март да го посветиме на чоколадата. Што се крие зад желбата за чоколадото? Има многу причини но една од причините зошто копнееме по чоколадо е затоа што прави да се чувствуваме подобро и посреќно. По тој повод ги поттикнавме родителите заедно со децата да направат некој чоколаден десерт, заедно да го вкусат и при подготовка на истото да се фотографираат. Во прилог е колаж од фотографии којшто родителите ги испратија и со тоа ја збогатија нашата Веб-страна.

Tags