Денес, холот на објектот Бели Мугри беше посебно убав, шарен и разигран. Причина за тоа е маскенбалот од децата од сите воспитни групи: “Се шегуваме, се радуваме” кој го приредивме по повод “Денот на шегата”.
Денеска е денот кога секој може за момент да биде некој друг.
Никој нема да ви се налути доколку го излажете или некој ве излаже вас, ден кога освен правењето разни шеги, дозволено е и маскирање и имитирање.