„Денот на шегата“ – објект Н.Н. Борче

На ден 31.03. 2023г. во објектот „Н.Н.Борче“ го одбележавме Денот на шегата, 1ви Април, преку дефиле под маски во нашата градинка и во блиската околина. Секое од децата ја претстави својата маска пред другарчињата од другите групи и во весело расположение со многу насмевки на лицата и радост во очите прошетаа во блиското соседство и измамија насмевки и на случајните минувачи.

 

Tags