Пред прекрасна публика, децата од големите групи од Матичниот објект, земаа учество во цветното дефиле во Паркот на Франкофонија кое е во организација на општина Центар. Со прекрасни костими инспирирани од пролетта: сонцето во пролет, штурчиња со гитарите кои ја будат пролетта, сликарите ги бојат пролетните цвеќиња во шарени бои, возбудени и среќни заедно ја дочекавме пролетта. Ја пеевме химната на градинката „Кочо Рацин“, игравме и пеевме на песничката „Нека ечат песни“ и уживавме во прекрасната изведба на „Што ли прави сонцето“. Покрај дечињата од нашата градинка свој настап имаа и дечињата од градинките „13ти ноември“ и „Р.Ј. Корчагин“. Со еден збор расцетана пролет.